Премиерлигата со седум нови правила, тешко на голманите и „измамниците“

Челниците на англиската Премиерлига ги изгласаа предлозите за промени на седум правила, и тоа заедно со воведувањето на видео-технологијата како помош за судиите, потврдува дека во англискиот шампионат од следната сезона многу работи нема да бидат исти како досега.

Седумте правила стапуваат на сила на 1 јули.

Првата новина е забраната за присуство на противнички играч во живиот ѕид. Кога некој фудбалер изведува слободен удар, во ѕидот пред себе ќе има само ривалски играчи, а не и соиграч кој досега можеше да направи празнина и да отвори простор.

Најголем проблем за голманите е новото правило дека при изведување на пенал, голманот барем со едната нога ќе мора да ја гази гол-линијата. Многу голмани досега излегуваа понапред и си создаваа предност, но тоа ќе биде забрането. Освен тоа, голманот нема да смее ниту да ја допира пречката, ниту да се движи по гол-линијата додека противникот се подготвува да шутне.

Интересна ќе биде примената на правилото дека играч што треба да биде заменет, нема да треба да оди накај клупата за да се поздрави со тој што влегува на негово место, туку ќе мора да излезе кај најблиската аут-линија. Со ова, се намалува губењето на време.

Судиите ќе можат да им даваат жолти и црвени картони на тренерите, се укинува потфрлањето на топка и наместо „мртва топка“ судијата ќе треба да ја додели на тимот кој треба да ја има според ферплејот.

Има контроверзна измена и околу прославите на головите. Судијата ќе смее да покаже жолт картон за претерана прослава на поништен гол. Ова сигурно нема да им се допадне на многумина. Замислете да сте дале гол за победа, се радувате, а потоа со помош ВАР ви го поништат голот, и притоа добиете жолт картон. Тоа би било болно.

- Оглас -

Најнови вести