Премиерни победи за Наполи и Елмас, односно Јувентус

3009 Верона – Наполи (18:30 часот, Серија А)

Возбудлив старт на сезоната се приреди во Серија А, а така треба да продолжи и со денешните два натпревари. Наполи и Елиф Елмас ги чека незгодно гостување кај Верона, која пак за овој меч нема да смета на ланскиот најдобар стрелец во тимот, Џовани Симеоне, кој е пред трансфер токму во Наполи.

Наполитанците бележат одличен учинок од последните пет гостувања кај Верона, со четири победи и само еден пораз, во кои редовно постигнувале по два погодоци. Статистиката треба да се земе предвид со цел да продолжи трендот.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.05)

 

1310 Хетафе – Атлетико Мадрид (19:30 часот, Ла Лига)

Диего Симеоне без двајцата клучни стопери Хименес и Фелипе ќе влезе во новата сезона во Ла Лига, а во малото градско дерби против Хетафе секако ќе брка три бода.

Хетафе забележа катастрофални подготовки само со еден триумф, додека трипати губеше и одигра две ремија, што е сосема спротивно од разиграните Јорганџии кои беа перфектни во текот на летниот период.

Хетафе повеќе од 12 години не знае за победа над Атлетико, загуби во четири од последните пет дуели како домаќин на гигантот од Мадрид и нема да биде изненадување доколку продолжи кошмарот за Хетафе.

Предлог тип: 2 (2.0)

 

3010 Јувентус – Сасуоло (20:45 часот, Серија А)

Алегри не може да смета на важните играчи како Погба, Кјеза, голманот Шченсни, вториот напаѓач Мојзе Кен, но и без нив се очекува Јувентус триумфално да ја стартува сезоната во која сигурно ќе напаѓа на Скудетото.

Сасуоло знае да биде трн во око за Бјанконерите, често му прави проблеми на фаворитот, а редовно овие пресметки завршувале со повеќекратно тресење на мрежите. ГГ3+ без грешка е добитен тип во последните пет меѓусебни дуели, во кои Сасуоло памети едно изненадување на „Алијанц стадионот“ со победа од 2-1 од ланската сезона.

Предлог тип: 1 & 1+I 1+II (2.24)

 

1010 Ливерпул – Кристал палас (21 часот, Премиер лига)

Во обидот да се запише првата победа во Премиер лигата, Јирген Клоп ќе има мака да го состави тимот во отсуство на неколку првотимци. Не може да смета на Тијаго и Конате, додека под знак прашалник е настапот на Жота, односно искусниот Матип.

Инаку треба да се земе предвид дека Ливерпул е во неприкосновена серија од 10 победи против Кристал палас во премиерлигашките пресметки, односно на четири од последните пет меча како домаќини Црвените издвојувале чисти победи без примен гол.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.11)

 

1308 Бетис – Елче (21:30 часот, Ла Лига)

Бетис како освојувач на шпанскиот Куп посакува на најдобар можен начин да ја отвори новата сезона во Ла Лига, а тоа е со победа над тимот кој во ланската сезона изненади со минимални 1-0 на „Бенито Вилјамарин“.

Елче е апсолутно незгоден противник за Бетис, со оглед на тоа дека аутсајдерот остваруваше победи на четири од последните пет гостувања кај тимот што го води Мануел Пелегрини, вклучувајќи ги и дуелите од Втората шпанска лига пред повеќе од една деценија.

Сепак, време е за Бетис да ги исправи нештата и да стави крај на црната серија.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.30)

- Оглас -

Најнови вести