Премиерниот ден од Лигата на шампионите ќе донесе многу голови

6005 ПСЖ – Јувентус (ЛШ, 21:00 часот)

Парижаните тргнуваат во нов поход по најсјајната титула во клупскиот фудбал, а како прва пречка ќе го имаат секогаш незгодниот Јуве.

Иако многумина прогнозираат лесна победа на ПСЖ, сепак Старата дама не смее да се отпише, особено со новите засилувања.

Лео Меси, Нејмар и Килијан Мбапе се подготвени за спектакл, а тоа значи и голем број погодоци, но ние ќе одиграме еден доста популарен тип од богатата понуда на Sport Life.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.78)

 

6004 Селтик – Реал Мадрид (ЛШ, 21:00 часот)

Европскиот првак пак својата одбрана на круната ќе ја има во Шкотска, кај великанот Селтик.

Домаќините предводени од фантастичната атмосфера, но и одличната игра и победа над најголемиот ривал Глазгов ренџерс ќе се обидат да му направат „сопка“ на Реал.

Со оглед на стилот што го практикуваат домаќините, кој е на гол повеќе, како и податокот дека Реал на сите натпревари во оваа сезона игра ГГ&3+, нема дилеми што да се одигра на оваа средба.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.04)

 

6008 Севилја – Манчестер сити (ЛШ, 21:00 часот)

Нема дилеми кој е фаворит на оваа средба, но сметаме дека Севилја е неправедно потценета од сите.

Станува збор за одличен тим којшто редовно прави големи изненадувања кај великаните, па затоа и на Граѓаните нема да им биде баш толку лесно.

Но, кога Ерлинг Халанд е на спротивната страна, сè треба да се очекув, а за волја на вистината, одбраната на Манчестер сити и не е баш на некое високо ниво.

Ние одиме на „сигурно“ и типуваме дека Севилја ќе даде најмалку еден гол, додека за екстремистите тука е Т12+, за што има одлична квота од 4.75.

Предлог тип: Т11+ (1.67)

 

6003 Бенфика – Макаби Хаифа (ЛШ, 21:00 часот)

Португалскиот великан состави одличен тим за оваа сезона и може да направи изненадување со добар настап во најелитното натпреварување.

Макаби, пак, со самиот пласман во групната фаза и елиминацијата на Црвена ѕвезда направи одличен успех, но и покрај тоа, остана без неколку играчи, а тука, пред сè, се мисли на столбот на одбраната, Богдан Планиќ, којшто замина во Саудиска Арабија.

Победата и првите три бода не би требало да бидат доведени до прашање, а сите дилеми ќе бидат решени во прво полувреме.

Предлог тип: 1-1 (1.76)

 

8410 Црна Гора – Шпанија (Евробаскет, 16:15 часот)

Јасно е дека фудбалот е во преден план, но и кошарката изминативе денови навистина е интересна, каде што во центарот на вниманието се настаните на Евробаскетот.

Шпанија минатото коло доживеа дебакл од Белгија, па затоа денеска нема право на уште еден кикс. Во групата А, по три одиграни средби, Шпанија, Белгија, Турција и Црна Гора имаат токму по пет, додека зад нив се Грузија со четири и Бугарија со три бодови.

Фаворитот на оваа средба ќе ги исполни очекувањата и ќе одигра како што ѝ доликува на една селекција којашто се вбројува меѓу фаворитите за тронот.

Предлог тип: 2 со хендикеп, 9.5 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести