Премиерно беше прикажан документарецот „3 титули“ посветен на Игор Стефановски-Иџе

Вечерва во Синеплекс во Скопје Сити мол премиерно беше прикажан документарниот филм „3 титули“, посветен на успесите на македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе.

Ова е приказна за посветеноста, адреналинот и љубовта кон спортот што инспирира иліадници Македонци да го бодрат Иџе на секоја трка.

Филмот е посветен на историскииот подвиг на Иџе кој трипати беше европски шампион на ридски патеки. Ова е прв документарен филм на стриминг платформата Глеј во продукција на Дивисион, а режисер е Јордан Дуков.

Ова е втор документарец за спортските подвизи на Иџе.

„Како спортист, ова претставува особено признание за целата моја кариера и труд вложен во автомобилските трки и во мојата љубов кон овој спорт. Ова е приказна не само за мене, туку и за сите оние што стојат зад мојот успех и ја поддржуваат мојата страст. Благодарен сум на тимот, спонзорите и сите фанови кои веруваат во мене и се дел од оваа возбудлива авантура“, порача Иџе.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести