Премиерот Бојко Борисов им е голем фан, тие се на работ на пропаст

Левски Софија ја продолжува тешката битка за опстанок, се мачи со финансиите, а не помага ниту фактот што голем фан им е премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Токму од него симпатизерите на балканскиот гигант неодамна добија препорака сами да се снаоѓаат бидејќи државата нема да им помогне.

Капак на кризата е изјавата на еден од директорите во клубот, Павел Колев, дека во клупската каса има само уште 5 илјади евра, што е недоволно за да се преживее дури и мај.

Фудбалерите најавуваат заминување од клубот со богата традиција и 26 шампионски круни во Бугарија, а навивачите се очајни бидејќи никој сè уште не се нафаќа да го финансира клубот.

Левски заедно со ЦСКА Софија се најтрофејни клубови во Бугарија и вечни ривали. Армејците имаат 31 титула што е и рекорд во Првата лига, а веднаш зад нив е Левски со 26 пехари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести