Премиерот Медведев реагира: Ова е класична антируска хистерија

Премиерот на Русија Дмитри Медведев реагираше на одлуката на Светската Антидопинг Агенција (ВАДА) да ги суспендира руските спортисти од Летните Олимписки Игри во Токио што ќе се одржат идната година и да ја елиминира руската фудбалска репрезентација од Мундијалот во Катар во 2022 година.

„Ова е класична антируска хистерија. Стана хронична, а одлуките на бирократите се повторуваат. Постојат проблеми со допнигот, тоа е невозможно да се демантира, но ваква групна казна е вистинска хајка против Русија“, изјави Медведев за руската агенција ТАСС.

Денеска ВАДА донесе одлука за суспензија на руските спортисти од Летните олимписки игри со што нема да им биде дозоволено да се натпревариваат под знамето на својата земја. Истото и се случи и на руската фудбалска репрезентација, која се уште чека информација од ФИФА за суспензијата, по која нема да и биде дозволено да игра под знамето на Русија на Мундијалот во Катар во 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести