Премногу емоции на „Ла Бомбоњера“: Играа двата клуба на Марадона, ќерка му Далма од неговото место гледаше како Бока победува (видео)

На „Ла Бомбоњера“ ноќеска беше тажно како никогаш досега. Двата последни клуба на Диего Марадона во блескавата кариера, Бока јуниорс и Њуелс олд бојс, ги одмерија силите во Купот на Аргентина, кој од сега го носи името на аргентинската фудбалска икона, а домаќините славеа со 2-0.

Играчите на двете екипи играа со дресови со името на Марадона, а емоциите почнаа да преовладуваат при првиот погодок на Бока.

Кардона заби прекрасен слободен удар, па тргна да слави кон трибината каде што Марадона редовно седеше во ВИП ложата. Таму сега беше неговата најстара ќерка Далма, а целиот тим на Бока почна да аплаудира додека таа ронеше солзи за починатиот татко.

https://twitter.com/Nicocantor1/status/1333179975458050049

Буквално сè беше во знакот на Дон Диего, кој почина пред пет дена на 60-годишна возраст. Празните трибини беа покриени со огромни транспаренти со ликот на Марадона, додека на главниот арбитeр на задниот дел од униформата му пишуваше „Ти благодарам, Диего“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести