Преселбата сè поизвесна, Бејл наскоро на добро познато место

Герет Бејл требаше да биде човекот кој ќе ја наследи штафетата од Кристијано Роналдо во редовите на Реал Мадрид, но Велшанецот не се пронајде во улогата на лидер. Честите повреди, но и слабите настапи му ја загрозија иднината во Мадрид, а откако се врати Зинедин Зидан на клупата на „кралевите“, заминувањето на Бејл е сè поизвесно.

Добро познат клуб му нуди излез на Бејл. Станува збор за Тотенхем, клубот каде што крилниот офанзивец се прослави пред да се пресели во шпанската престолнина.

Сепак, не се работи за целосен трансфер, туку „петлите“ се надеваат дека Реал ќе им го позајми на една сезона. Исто така, од таборот на Тотенхем се надеваат дека не ќе мора да му ја исплаќаат годишната плата од 15 милиони евра. Тие сакаат дел да плаќа Реал, односно три милиони евра, а Тотенхем да „искешира“ 12 милиони евра.

Ќе се чека летниот преоден рок за да се види дали Реал ќе ја прифати оваа понуда, бидејќи малку е веројатно дека ќе добијат подобра од неа.

- Оглас -

Најнови вести