Пресврт – Дибала ќе заврши во Париз, ПСЖ нуди 60 милиони евра

Пари Сен Жермен сака да го купи Пауло Дибала од Јувентус и понуди 60 милиони евра за офанзивецот на Старата Дама. Јувентус нема многу избор, откако речиси сигурно пропадна обидот одличниот аргентински ас да му го продаде на Манчестер јунајтед.

Дибала не се договори со „црвените ѓаволи“ за личните услови, а му создава и проблеми на шампионот на Италија. На денешниот тренинг влета во кофликт со еден од камерманите, кои го снимаа тренингот на Јувентус, па јасно е дека се вжештува ситуацијата со играчот што се најде на трансфер листата.

Покрај Дибала, Јувентус сака да го продаде и дефанзивецот Даниеле Ругани, а како што објавија англиските медиуми за него Вулверхемптон понудил 30 милиони евра.

И Ругани не добиваше шанса да игра, односно имаше многу мала минутажа, како и Дибала во минатата сезона, па Јувентус одлучи да ги продаде и ако ги прифати понудите на ПСЖ и на поуларните волци од Англија ќе инкасира 90 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести