Пресврт во Наполи: Консеисао нема да биде тренер, туку човекот кој со Лил ја освои Франција?!

За само 24 часа дојде до голем пресврт во изборот за нов тренер на Наполи. Иако вчера беше најавувано дека постигнат е договор со Сержо Консеисао, кој го водеше Порто, и дека тој уште денеска треба да дојде во Неапол да потпише договор, сепак, во последен момент преговорите прекинаа и тој нема да биде тренер на Елиф Елмас.

Сега на пол-позиција за тренер на Наполи се спомнува Кристоф Галтие, човекот кој со Лил сезонава направи чудо и ја освои титулата во француското првенство, а го има тренирано скапото засилување на наполитанците, Виктор Осимен. Кандидати се и Италијанците Лучано Спалети и Масимилијано Алегри, но ако Галтие прифати преселба на југот на Италија, тој ќе биде нов тренер на Елмас и Наполи.

- Оглас -

Најнови вести