Пресврт во Рим што може да му донесе Скудето на Милан (Видео)

Милан успеа со пресврт и со гол во 93. минута да го победи Лацио со 2:1 во Рим и да остане во трка за титулата со Интер.

Сандро Тонали погоди во самиот финиш за победа на асистенција на Златан Ибрахимовиќ, откако претходно Оливие Жиру на почетокот на второто полувреме израмни на 1:1.

Росонерите се вратија на врвот на табелата во Серија А со 74 бода, два повеќе од шампионот Интер кој има еден меч повеќе за играње.

Лацио поведе со голот во четвртата минута што го постигна Чиро Имобиле.

Првиот стрелец во Серија А го постигна 26-от гол сезонава, а со нов погодок ја награди одличната акција на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Потоа гостите беа оштетени, откако не беше исклучен голманот на Лацио Стракоша, иако играше со рака надвор од шеснаесетникот, па доби дамо жолт картон.

Сепак Милан успеа да направи пресврт и да победи со што останува мртвата трка со градскиот ривал Интер за Скудетото во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести