Пресврт во случајот Балотели – Не е избркан од клубот, не го пуштиле на тренинг оти бил болен

Марио Балотели денеска ќе тренира со соиграчите од Бреша, а од таборот на калчолигашот го објаснија скандалозното однесување кон поранешниот репрезентативец кога не беше пуштен во тренинг-кампот.

Популарниот Супер Марио беше вратен на главната порта од кампот на Бреша, а целиот случај изгледаше лошо, но сега од клубот имаат и објаснување.

Балотели имал стомачни проблеми и добил препорака од докторите во клубот да мирува до среда, но тој одлучил на своја рака да дојде во тренинг-кампот.

Таму беше вратен од обезбедувањето, а Балотели не доби пас да влезе дури и откако се обиде да реагира со повик на мобилниот телефон.

Целиот случај добил размери на голем скандал, се претпоаставуваше дека Марио е и избркан од клубот, но стигна демант од Бреша.

Од денеска повторно ќе тренира со соиграчите, а можно е да биде и во комбинација за првиот меч на Бреша по паузата од три и пол месеци. Рестартот за последнопласираната екипа во Серија А е закажан за 22 јуни во Фиренца против Фиорентина.

 

 

- Оглас -

Најнови вести