Пресвртот на Челзи против Манчестер јунајтед влегува во историјата на Премиер лигата

Челзи го победи Манчестер јунајтед со 4:3 во неверојатен меч на „Стемфорд бриџ“. Лондончани водеа со 2:0, а Манчестер израмни на 2:2 до крајот на полувремето. Во вториот дел, гостите погодија за 3:2 и таа предност ја имаа до деветата минута од судиското надополнување.

Беше досуден пенал за Челзи (втор на мечот), а Кол Палмер погоди за 3:3 во 99:17 минута. Судијата реши да дозволи да се одигра уште малку, па 82 секунди по голот за израмнување, Палмер даде уште еден погодок за целосен пресврт и победа на Челзи од 4:3.

Според статистиката на Премиер лигата, пресврт во толку доцна фаза од мечот немало никогаш претходно.

- Оглас -

Најнови вести