Пресвртот на Парма донесе радост во Велес и добивка од 4 илјади евра

Парма успеа да направи пресврт со три гола во првото полувреме против Џенова, што му донесе многу радост на обложувач од Велес и добивка од 247.500 денари, или околу 4 илјади евра.

Со уплата од илјада денари на тикет со три двојки, погодени се три гостински победи со различни знаци, а сè почна со мечот точно напладне, вчера меѓу Реус Депортиу и Гранада.

Гостите славеа со 1-2, таман за да се погоди комбинираниот знак 2-2&3+. Во меѓувреме, Есторил експресно ја наполни мрежата на Академика како гостин, победи со 7-2, за да биде погоден и вториот пар на тикетот, типуван со знак 2&Т2.

Најтешкиот и финалниот дел од мисијата да се добијат 4 илјади евра за обложувачот од Велес, беше да се погоди и типот 2-2 во Џенова.

Разиграниот Кжиштоф Пјонтек со гол на почетокот веројатно донесе мало разочарување, бидејќи домаќинот Џенова поведе со 1-0, но за насмевки се погрижија Ригони, Силјарди и Чераволо со по еден погодок од 16-тата до 30-тата минута, за целосен пресврт и предност на Парма од 3-1 на гости кај Џенова. До крајот на мечот немаше промени, за многу радост на нашиот добитник на 247.500 денари со уплата од „илјадарка“.

Добитен концепт во Тетово, гол-гол и два плус второ полувреме

Деветката му донесе среќа на обложувач во Тетово, а со интересен концепт и комбинација од игрите Гол-гол и Два плус второ полувреме, добивката е 167.454 денари.

Единствен исклучок од комбинацијата на тикетот со девет парови е типот Т1 на уругвајскиот Феникс против Бостон Ривер. Домаќините си ја завршија работата со два гола во првото полувреме, а кога и чилеанскиот гигант Коло Коло израмни во последен миг против Унион Еспањола со погодокот во 93-тата минута, јасно беше дека во Тетово има одлична добивка од околу 2.700 евра за уплатени 200 денари.

Балканско-јужноамериканска добитна комбинација во Виница

На спротивната страна од Македонија, на Истокот, во Виница одлично смислена балканско-јужноамериканска комбинација му донесе добивка на наш обложувач од точно 109.725 денари за минималната уплата од 20 денари.

Со погодени четири парови со ист тип на игра 2-3 голови во прво полувреме и 2-3 во второ полувреме, добивката е околу 1.800 евра.

И што е многу интересно, добитникот најмногу стравуваше од нашиот интернационалец Крсте Велкоски. Мечот меѓу Добој Какањ и Сараево заврши со резултат 0-6 (0-3), а последните голови во првото и во второто полувреме ги постигна Велкоски. Сè над тоа ќе значеше недобитен тикет, но за среќа на нашиот добитник, Велкоски не постигна хет-трик, па добивката е исплатена во Виница.

Кусо и ефектно во Ново Лисиче

Џејмс форест од Селтик и Клаудиу Кесеру од Лудогорец рафално погодуваа во првото полувреме против Сент Џонстон, односно Ботев, што му донесе убава добивка од 42 илјади денари на наш играч од Ново Лисиче.

Кусо и ефектно, тој типувал дека Селтик и Лудогорец ќе постигнат најмалку по 4 голови во првото полувреме (Т2 4+ п.п.) на гостувањата кај Сент Џонстон, односно Ботев. Уплатата е 30 денари, а за исплата се погрижија Форест со 4 голови во првото полувреме на мечот Сент Џонстон – Селтик и Кесеру со хет-трик во првите 45 минути за Лудогорец против Ботев. Тука со еден гол помогна и Џоди Лукоки, а предноста на Лудогорец од 4-0 и на Селтик од 5-0 по првото полувреме, беа доволни за радост во Ново Лисиче. Лудогорец победи со 4-1, откако на полувремето имаше предност од 4-0, а Селтик беше уште поубедлив и со 6-0 го торпедираше Сент Џонстон, благодарение најмногу на „петардата“ во првиот дел.

- Оглас -

Најнови вести