Претседателот на Фиорентина грми: Јуве ни го украде Кјеза, тие со Интер и Барса се најпознати по нечесни работи

Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, го искоментира трансферот на Федерико Кјеза во Јувентус, а се закачи и со други големи клубови.

„Како Јувентус го купи Кјеза? Го украдоа бидејќи му понудија многу повеќе пари. Имаа многу поголеми приходи од нас и можеа да потрошат повеќе пари. Клубови како Јувентус, Интер и Барселона се познати по вакви нечисти работи. Нашиот буџет е 70 милиони, на Јуве е 300. Затоа секогаш се фаворити во битката за титулата“, вели италијанско-американскиот бизнисмен Комисо.

- Оглас -

Најнови вести