Претседателот на Наполи се закани дека ќе ја тужи Фудбалската федерација на Италија

Аурелио де Лаурентис, претседателот на Наполи, на денешниот состанок на италијанските прволигаши упати закани до Фудбалската федерација на Италија дека ќе ги тужи сите оперативци до највисоката позиција доколку не се состави план за што поскоро отворање на стадионите за навивачи.

Според него, управниот одбор на Италијанската фудбалска федерација го водат неспособни луѓе кои не знаат што прават и само носат штети врз Серија А и останатите лиги на Чизмата.

„Зошто би се грижел да ги почитувам мерките и протоколите ако стадионите останат затворени? Доколку не се најде решение во најскоро можно време, ќе ѝ забранам на мојата екипа да го почне првенството во новата сезона, а ќе поднесам тужби до сите неспособни кои му штетат на италијанскиот фудбал“, гласно говореше Де Лаурентис на состанокот.

На состанокот претставниците на прволигашите поднесоа барање за стадионите да се отворат пред почетокот на Европското првенство откако беше најавено дека дел од натпреварите кои ќе се играат во Италија ќе се одржуваат со присуство на публика.

- Оглас -

Најнови вести