Претседателот на ПСЖ му одговори на Меси, и побара „Златна топка“ за Мбапе

Претседателот на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, одговори на критиките на Лионел Меси дека како клуб не му дале признание за освоената светска титула.

„Не знам што точно кажал Меси, или не кажал. Како што можеа да видат сите, ние објавивме видео во кое му оддадовме чест на Меси на првиот тренинг после СП, имавме и приватна прослава. Но, со целата почит, ние сме француски клуб, не можевме да правиме голема прослава на стадион. Треба да ја почитуваме земјата која тој ја победи во финалето, неговите соиграчи Французи, и нашите навивачи“ – изјави Катарецот Ал- Келаифи.

Што се однесува до Килијан Мбапе, Ал-Келаифи смета дека е најдобар на светот и дека на 30-ти октомври во Париз, треба да ја освои „Златната топка“ на „Франс фудбал“.

- Оглас -

Најнови вести