Претседателот на рускиот тениски сојуз констатираше: Го освоивме трофејот на Вимблдон

Претседателот на рускиот тениски сојуз, Шамил Тарпишев се израдува на победата на Елена Рибакина во финалето на женскиот дел од славниот гренд слем турнир Вимблдон. Рибакина е родена во Москва и таму живее, но од 2018 година има добиено казахстанско државјанство, па на Вимблдон настапи под знамето на Казахстан.

Организаторите на Вимблдон решија оваа година да не им дадат дозвола на руските тенисери и тенисерки да играат за да не се шири руската пропаганда на претседателот Владимир Путин, но очигледно дека планот не им успеа.

„Сјајно! Браво Рибакина! Го освоивме турнирот во Вимблдон“, беше костатацијата на првиот човек на рускиот тенис, Тарпишев.

Рибакина кога тениските чекори ги започна во Москва и таму тренираше неколку години, има изјавено дека го прифатила казахстанското државјанство во 2018 година затоа што добила подобри спортски и финансиски услови.

Иако настапуваше под знамето на Казахстан, Рибакина постојано беше на „мета“ на новинарите да одговара за тоа дали ја поддржува инвазијата на Русија врз Украина, а црна дамка на финалето остави и одлуката на Обединетот Кралство да не дозволи родителите на Елена да добијат виза за влез во земјата и не можеа да ја бодрат својата ќерка од трибините, па тие останаа во својот дом во Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести