Претседателот на Верона под истрага, државата го „отпушти“

Италијанската финансиска полиција го суспендира претседателот на Верона, Маурицио Сети, поради истрага.

Налогот за заплена на мнозинскиот дел од акциите на италијанскиот тим го даде јавен обвинител од Болоња, и тоа откако истрагата утврдила дека компанијата на Сети, која поседува 100 отсто од акциите на Верона, банкротирала.

Претседателот на Верона се сомничи дека непосредно пред банкротот на компанијата, која беше сопственик на тимот, контролата врз клубот ја пренел на друга негова компанија „Стар бол срл“ .

Финансиската полиција го назначи директорот на сметководство, Стефано Ревербери, за привремен претседател на Верона.

На почетокот од месецов, финансиската полиција влезе во просториите на Верона и ја заплени целата документација поради сомнежи за затајување данок.

- Оглас -

Најнови вести