При евентуален гол, Лестер нема да слави на „Кинг пауер“

Лестер во сабота, во 16 часот ќе го одигра мечот против Барнли во рамките од 12-тото коло во Премиер лигата. „Лисиците“ тој меч ќе го играат пред своите навивачи на стадионот „Кинг пауер“ за прв пат по трагичната хеликоптерска несреќа.

Од клубот најавија дека доколку фудбалерите на Лестер постигнат гол на тој меч, нема да го прослават на вообичаен начин. Имено, секогаш кога Лестер ја тресе мрежата на домашен терен, веднаш по голот почнува песната „Fire“, поточно „Оган“, во изведба на англискиот бенд Касабијан, но во сабота тоа нема да се случи.

Да потсетиме, непосредно по мечот против Вест хем, хеликоптерот во кој беше сопственикот на Лестер, Вишај Шриваданапраба, со уште четири лица се сруши во близина на стадионот, а во несреќата немаше преживеани.

Лестер неколку дена по таа несреќа, играше на гости кај Кардиф, па минималната победа од 1-0 ја посвети токму на починатиот газда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести