Пријателски меч за загревање за ЕП – Романија ја победи Македонија со 3:0

Романија ја победи одбјкарската репрезентација на Македонија со 3:0 во Крајова, во првиот од двата пријателски дуели, како загревање за настап на Европското првенство во септември.

Во регуларниот дел домаќините беа подобри и славеа со 25:17, 25:20 и 25:22, а по договор на двата селектори се играше и четврти сет, а и тој го добија Романците со 25:17.

Утре ќе се игра уште еден пријателски меч меѓу двете репрезентации, повторно во Крајова. Македонија се подготвува за историски настап на големо натпреварување, а ќе играме во група во Љубљана против Финска, Турција, Белорусија, Русија и Словенија.

Првиот меч ќе го играме со Финците на 12. септември, а за сите љубители на одбојката одлична вест е дека националниот сервис МРТВ обезбеди директни преноси од ЕП.

- Оглас -

Најнови вести