Прилепчанец го погоди пресвртот на Манчестер сити, чека пресврт или 7+ во финалето на ЛШ (Фото)

Обложувач од Прилеп, или пак можеби не е прилепчанец, но сигурно е дека уплатил тикет во уплатно место на Sport Life во Прилеп, пред пет дена реши да вложи 80 денари на четири различни тикети и да брка пресврти и големи квоти.

Едниот пресврт се оствари во неделата и едниот тикет е добитен, додека на другите три овој играч чека спектакуларни исходи за финалето на ЛШ помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

На еден тикет, прилепчанецот чека супер добивка, но ќе треба Реал Мадрид да го победи Ливерпул во меч на кој Црвените ќе водат во првото полувреме.

Голема добивка ќе има и ако Ливерпул слави со пресврт после водство на Реал по првото полувреме.

Овој играч реши да ризикува и да предвиди финале на ЛШ и со седум или повеќе голови.

Секако е во плус, на еден тикет го стави само пресвртот „два во еден“ на Сити против Астон Вила, па заработи над 1.000 денари. В сабота вечер може само добивката да му стане многукратно поголема.

 

- Оглас -

Најнови вести