30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Прилепчани си се почастија со одличен голман за пласманот во Прва лига

Зураб Цинцаѕе е засилувањето на ракометниот клуб Прилеп на голманската позиција, со што прилепчани продолжија сериозно да се засилуваат и да инвестираат во клубот кој има амбиции да се задржи во елитата.

Новиот тренер Горан Кузмановски ќе има задача да создаде тим што ќе може рамноправно да се натпреварува во македонската Прва лига, во која РК Прилеп се враќа по едногодишна пауза.

Цинцаѕе е млад голман, има 23 години, но и богато искуство и 77 настапи за репрезентацијата на Грузија. Ланската сезона бранеше за Имеди Телави во грузиското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести