Прими четири гола, но Конан Ледесма е спортски херој на денот (Видео)

Аргентинскиот голман Конан Ледесма е спортски херој на денот, иако прими четири гола со кои неговиот Кадиз беше декласиран од Барселона со 0-4 во меч од шпанската Ла Лига.

Ледесма беше прв од актерите на терен што сфати дека на трибините се случува нешто лошо и дека е потребен дефибрилатор за срце. Тој со спринт истрча кон трибината и фрли дефибрилатор кон лицата кои веќе се обидуваа да му помогнат на онесвестениот фан кој најверојатно имал срцев удар.

- Оглас -

Најнови вести