Примија 37 гола откако се дистанцираа од ривалите за да не фатат корона-вирус (Видео)

Германскиот аматерски тим СГ Рипдорф/Молцен 2 беше поразен со неверојатни 0-37 против Холденштед 2 затоа што играчите се придржуваа на мерките за дистанцирање кои важат за заштита од ширење на вирусот ковид-19. Фудбалерите го ставија здравјето пред трчањето по топката и пред резултатот, па се најдоа на страниците на спортските вести низ цел свет.

Рипдорф/Молцен 2 е тим кој се натпреварува во 11-тата германска лига, во третата регионална лига на Долна Саксонија. Тие сметаа дека не е безбедно да се игра против екипа во чиј прв тим има позитивни на корона-вирус, но регионалниот фудбалски сојуз мислеше поинаку и им го закажа мечот. Играчите бојкотираа и загубија катастрофално, но се спасија од евентуално заразување и нема да бидат казнети за одбување да се појават на терен.

Има и краток видеозапис од мечот. Погледнете како изгледаше кога едните даваат голови, а другите само се тргааат:

- Оглас -

Најнови вести