Принцезите вчера навиваа за Серена, за кого ли ќе бидат денеска?

Сопругите на принцовите Вилијам и Хари, Кејт Мидлтон односно Меган Маркл, го гледаа женското финале на Вимблдон, а и денеска ќе бидат во ложата за време на машкиот дуел на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Војвотките на Кембриџ и Сасекс беа во одлично расположение иако конечниот резултат не им се допадна.

Серена Вилијамс е блиска пријателка со Меган, па Меган и минатата недела ги гледаше мечевите на Вилијамс. Најверојатно двете сопруги на принцовите навиваа за Американката во битката за трофејот, но сепак победничка беше Симона Халеп.

АКО ПОСТОИ ПОТЕЖОК МЕЧ ОД ТОЈ ПРОТИВ НАДАЛ, ТОА МОЖЕ ДА БИДЕ САМО ПРОТИВ НОВАК

Ако и денеска навиваат за тенисерот кој е роден во истата година како Серена, тоа е Федерер, можеби повторно ќе бидат незадоволни од резултатот.

„Знам дека ако има битка која е потешка после таа со Рафа, тоа би била можеби со Ѓоковиќ. Имам самодоверба дека ќе ги повторам позитивните работи од дуелот со Надал и ќе продолжам со позитивно размислување”, рече Федерер.

Федерер во финалињата на Вимблдон има 8-3, а два од трите порази му се од Ѓоковиќ. Србинот има 4-1 во финалињата на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести