Принцот на Њукасл има кралска понуда за најскапиот играч на Баерн

Принцот Мохамед Бин Салман тргна во акција, откако веќе нема пречки да стане сопственик на Њукасл, па сега има кралска понуда до Баерн Минхен за да го купи Лукас Ернандес. Понудата според „Билд“ тежи 80 милиони евра, а Бин Салман не се грижи за пари, бидејќи ги има и премногу, а најави дека ќе направи моќен тим во Премиерлигата.

Според менаџерот на Ернандес Баерн нема намера да го продаде играчот што е најскап во историјата на најтрофејниот германски клуб.

За дефанзивецот Баварците му платија на Атлетико Мадрид 85 милиони евра и го врзаа Лукас со договор што важи до 2025 година.

Сепак инвестицијата засега не им се исплати, бидејќи францускиот ас е повеќе на клупа, отколку што е стандарден во стартните 11 и одигра само 12 натпреватри сезонава во Бундеслигата.

Салман очекува за тренер на Њукасл да биде именуван Маурисио Покетино, што би бил предизвик и за познатите фудбалски асови да прифатат да играат за новиот клуб на принцот од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести