Приспивна во Белград што и одговара на Црвена Звезда

Црвена Звезда ја оствари целта по првите 45 минути на реванш дуелот со Јанг Бојс и наметна приспивно темпо што им одговара на патот кон Лигата на шампионите.

Пред околу 50 илјади навивачи на малата Маракана домаќините ја умртвија играта и засега се им оди по план, бидејќи нема голови по 45 минути. Имаше само еден директен удар  кон гол, а го упатија гостите од Швајцарија, но Борјан беше внимателен и одбрани.

Првиот меч во Берн заврши со реми 2:2 и на белграѓани им одговара секоја победа, или реми до два гола во двете мрежи. Ако биде 2:2, што според играта во првото полувреме изгледа како невозможна мисија би се играле продолженија, па потоа евентуално би се изведувале и пенали.

- Оглас -

Најнови вести