Приспивна во Скопје, без голови по првото полувреме и поништен чист погодок за Македонија (Видео)

Македонија и Словенија одиграа скромно прво полувреме, без голови и со малку зрели шанси за погодок во седмата рунда од квалификациите за настап на Европското првенство следната година.

Најжешко беше во последните моменти, кога постигнавме гол преку Елиф Елмас, но судијата Макели донесе чудна одлука и го поништи голот поради офсајд. Бобан Николов беше пред Јан Облак и наводно му пречел на голманот на гостите, па голот беше поништен.

Имаше малку удари кон голот на Столе Димитриевски и на Јан Облак, па и двете репрезентации ќе кора да одиграат подобро во продолжението од мечот во Скопје. Особено тоа важи за Македонија, бидејќи не ни одговара реми против Словенците, кои се пред нас на табелата со три бода повеќе.

Победата е императив за избраниците на селекторот Игор Ангеловски и офанзивата мора да се засили за да се победи Словенија и да се вмешаме во битката за првите две позиции на табелата во Г групата.

Ова е поништениот гол:

- Оглас -

Најнови вести