Приведен човекот кој на Шаќири му облече јакна со симболот на УЧК

По завршувањето на мечот Швајцарија – Северна Ирска, швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири даваше интервју, а непознат маж му пријде и му наметна јакна со симболот на Ослободителната војска на Косово, потег кој предизвика големи реакции во регионов.

За Србите, ОВК е терористичка организација и Шаќири треба да добие жестока казна и суспензија, додека голем број Албанци му замерија на фудбалерот роден во Косово, што ја отфрли јакната од себе.

Човекот е приведен и му била изречена забрана за влез на стадионите во Швајцарија. Од швајцарската фудбалска федерација порачаа дека Шаќири реагирал мирно и примерно, и нема да го казнат, а дека неприфатливо е луѓето да ги користат стадионите за пропаганда.

Еве како изгледаше целата ситуација:

- Оглас -

Најнови вести