Пробавме „7 на 6“ и Русија тренираше голови на празна мрежа

Македонската ракометна репрезентација е пред нов пораз на Светското првенство во Германија и Данска. Во меч за разигрување за пласман, по првите 30 минути, нашите ракометари губат од Русија со 17:14. Селекторот Раул Гонзалес се реши да започне со најсилниот состав, а добрата игра во воведните минути донесе водство на Македонија од 4:2.

Сепак, потоа нашите ракометари влегоа во серија грешки. Иако игравме со „7 на 6“ во нападот, четири напади по ред грешевме во додавањата, а Русија тоа лесно го казнуваше и погодуваше на празен гол. Со серија од 6:0, Русите во 10 минута поведоа со 8:4, а по побараниот тајм-аут, Раул реши да се откаже од играта „7 на 6“.

Македонија успеа да стигне до 10:10, но во продолжение Русите повторно заиграа подобро, стигнаа и до 17:12, а на полувреме заминаа со три гола предност.

Капитенот Кирил Лазаров со шест гола од осум обиди е најефикасен кај Македонија. Георгиевски даде три гола, Пешевски погоди два пати, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Крстевски, Стоилов и Талески.

 

- Оглас -

Најнови вести