Проблем, Македонија без првиот голман против Ерменија и Грузија!

Голманот на македонската А репрезентација, Столе Димитриевски, е позитивен на вирусот ковид-19 и нема да допатува во Скопје за подготовките на А репрезентацијата за натпреварите против Ерменија и Грузија.

Во текот на вчерашниот ден, голманот на Рајо Валјекано и наш репрезентативен голман пред полетување за Скопје, ги добил резултатите од тестирањето кои, за жал, покажале присуство на вирусот.

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски, дополнителен повик за голманската позиција во најдобрата селекција упати до Мартин Богатинов.

Исто така, поради повреда на предната ложа (квадрицепс), подготовките на А селекцијата ги завршува Даниел Аврамовски. Аврамовски и пред почетокот на подготовките беше под знак прашалник за настап, а сериозноста на повредата е причина што фудбалерот на турскиот Кајсериспор нема да може да биде во комбинација за настап на двата натпревари од Лигата на нациите против Ерменија и Грузија.

- Оглас -

Најнови вести