Пари Сен Жермен се подготвува за најважниот меч во сезоната, а воедно и последен, финалето од Лига на шампиони. Францускиот првак е актуелен европски владетел, а сега ќе се обиде да го одбрани тронот. Во саботното финале на 30 мај, ПСЖ за противник ќе го има англискиот шампион Арсенал.
Во пресрет на финалето од ЛШ, ПСЖ се подготвува играјќи и контролни дуели меѓу себе. На еден од последните тренинг-дуели, кога играчите беа поделени во две екипи, камерите забележаа еден необичен момент. Соиграчите Матвеј Сафоров и Илија Забарњи кои беа во различни состави, не се поздравија пред мечот.
Забарњи е Украинец кој и претходно јавно го искажувал своето негодување кон Русите и инвазијата која тие ја прават врз состедот Украина.
„Во мојата земја веќе четири години беснее војна во големи размери. Русите се агресори кои залудно се обидуваат да ја уништат слободата и независноста на Украина. Не сум во никаков контакт со ниту еден Русин“, изјави Забарњи неодамна.
Сафоров кој е голман на ПСЖ е надвор од видното поле на Забарњи. „Со Сафоров комуницирам само на професионално ниво за време на тренингот и така ги исполнувам обврските што ги имам кон клубот. Но, се додека трае војната, во целост го поддршувам изолирањето на рускиот фудбал од светски рамки“, објасни Забарњи.
За разлика од Украинецот, рускиот голман Сафоров одби да ги коментира овие реакции.
Како изгледаше моментот кога Украинецот Забарњи одби да се поздрави со соиграчот Сафоров на последниот тренинг натпревар, може да погледнете ТУКА.

