Проблем во Токио: корона-случај во олимпиското село на шест дена пред стартот на ОИ

Органтизаторите на Олимписките игри во Токио наидоа на голем проблем на само шест дена пред церемонијата и стартот на планетарниот спортски собир.

Пријавен е прв позитивен случај на корона-вирус во олимпиското село, каде што треба да бидат сместени околу 11.000 спортисти. Дел од нив се веќе таму, а засега не е познат заразениот учесник и од која земја е. Поголем проблем е потенцијалното ширење на вирусот во олимпиското село, што може многу да наштети врз одржувањето на настаните.

Олимписките игри стартуваат на 23 јули и ќе се одржуваат до 8 август, а во главниот град на Јапонија атмосферата не е како што се посакувше да биде, бидејќи пандемијата прави раздор во Токио и секој ден се забележуваат сè повеќе нови случаји со ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести