Проблем за Атлетико, останува без спонзорот од кој добиваше 40 милиони евра годишно

Екипата на Атлетико Мадрид денеска доживеа финансиски удар бидејќи компанијата „ВејлФин“, која работи со трговија со криптовалути, соопшти дека го прекинува спонзорството на шпанскиот тим.

Договорот беше потпишан минатото лето и требаше да трае до 2027 година, а Атлетико ќе инкасираше по 40 милиони евра годишно.

„ВејлФин“ му исплати на Атлетико Мадрид 40 милиони евра за минатата година, но компанијата не може да продолжи да ги исполнува обврските поради падот на вредноста на криптовалутите.

Во последните неколку месеци, вредноста на криптовалутите се намали за 70 отсто, што многу компании во таа индустрија ги натера да го намалат обемот на работа, а дел од нив и банкротираа.

- Оглас -

Најнови вести