Проблем за Хабиб Нурмагомедов – Татко му има Коронавирус?

Големи проблеми има УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов, отако неговиот татко Абдулманап е хоспитализиран во болница во Махачкала со воспаление на белите дробови.

На Нурмагомедов сениор му се слошило и веднаш бил пренесен во здравствената установа во главниот град на Дагестан.

На Абдулманап веднаш му биле направени тестови на Коронавирус и резултатите се чекаат. Тој е еден од „главните виновници“ за исклучителната кариера на еден од најдобрите борци во УФЦ во моментов.

Хабиб Нурмагомедов е актуелен шампион во Ултимејт фајт во лесна категорија, а титулата ја одбрани со спектакуларна победа против Конор Мекгрегор во октомври лани во Лас Вегас. Рускиот борец се уште е непоразен и има 28 победи на исто толку мечеви во професионалната кариера.

- Оглас -

Најнови вести