Можен проблем за Реал, Рафаел Варан неизвесен за вечерва

Рафаел Варан можеби нема да биде во можност да биде покрај Серхио Рамос во последниот одбранбен ред на Реал Мадрид, бидејќи е болен и не тренираше на синоќешниот тренинг на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам, каде актуелниот европски првак вечерва му гостува на Ајакс во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Наместо на терен со своите колеги, Варан остана во хотелот. Ако ја симне температурата и биде подготвен, ќе игра, во спротивно, место во почетниот состав ќе има за Начо.

Ова не е единствената работа поврзана со дефанзивците која го мачи тренерот Сантијаго Солари во пресрет на гостувањето кај младиот и опасен тим на Ајакс. Капитенот Рамос е на еден картон од суспензија, што значи дека доколку добие жолт картон, нема да игра на реваншот.

- Оглас -

Најнови вести