Проблеми пред мечот со Македонија, ерменски фудбалери се степале со полиција

Четворица ерменски фудбалери почнале тепачка со полицајци во Ереван, а речиси сите се членови на репрезентацијата која в сабота ни гостува во меч од Лигата на нациите.

Проблематичните фудбалери се Арас Озбилис, Сероб Григорјан и браќата Гор и Едгар Малахјан. Тие најпрвин влегле во вербален конфликт со полицајците во близина на комплексот „Каскада“ во главниот град на Ерменија, Ереван, а потоа кавгата преминала во тепачка. Еден полицаец бил удрен во лицето, друг има повреда на рамото, а кога дошло засилување, воинствените браќа биле уапсени.

Фудбалерите ќе одговараат за хулиганство и насилство врз владини официјални лица. Од клубот Пјуник, за кого играат тројца од четворицата, негираат дека двајца биле вклучени во инцидентот и негираат дека биле пијани.

- Оглас -

Најнови вести