Продолжува драмата – Ќе се играат продолженија за трофејот во македонскиот куп

Вистинска драма се случуваше во финишот на финалниот меч за пехарот во Македонскиот куп, а кога се чинеше дека Македонија Ѓорче Петров по вторпат ќе го крене пехарот, во игра се вратија Академците на Пандев, па пеналите ќе одлучуваат.

Дејан Тантуровски со убав удар со глава во 84-тата минута им донесе предност на скопјани од 2:1, но само 120 секунди подоцна Љупче Дориев погоди од белата точка за израмнување на 2:2.

Претходно, Сашко Пандев во 10-тата минута со прекрасен гол им донесе почетна предност на струмичани, а на 1:1 израмни Робсон да Силва во 21-вата минута со прецизен шут од слободен удар.

 

- Оглас -

Најнови вести