Продолжува кошмарот за Тотенхем, осми пат сезонава примија гол во 90+ минута (Видео)

Екипите на Евертон и Тотенхем одиграа 2:2 во меч од 23 коло на англиската Премиер лига. Гостите од Лондон два пати водеа, но домаќините успеваа да израмнат. Погодокот за 2:2 и освојување на еден бод, Евертон го постигна во 90+2 минута.

Ришарлисон даде два фантастични гола за гостите. Првиот го постигна по само четири минути игра.

Потоа следуваше израмнување преку Херисон, но радоста на домаќините траеше кратко затоа што повторно Ришарлисон биеше за 2:1 за гостите.

Во 92 минута Евертон даде гол и повторно ги фрли во очај играчите на Тотенхем кои осми пат сезонава примаат гол во судиското надополнување од второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести