Продолжува неверојатната серија на Феникс, Бруклин е победник во дербито против Њујорк (ВИДЕО)

Феникс санс продолжува со својата фантастична серија од 17 победи по ред едноподруго откако го совлада Голден стејт ворирорс со 104:96.

Деандре Ејтон и Крис Пол забележаа дабл-дабл кај домаќините со по 24 поени и 11 скокови, односно 15 поени и 11 асистенции.

Кај гостите, најефикасен беше Џордан Пул со 28 поени, додека Стеф Кари уфрли само 12 коша со катастрофален шут од поле (4/21).

Дербито на Њујорк меѓу Бруклин и Никси му припадна на домаќинот, кој славеше со 112:110.

Џејмс Харден блесна кај домаќините со 34 поени и 10 скокови, а одличен беше и Кевин Дурант со 27 забележани кошови.

Кај гостите најрасположени за кошови беа Алек Бурк (25) и Џулиус Рендл со 24 постигнати поени.

 

НБА

Бруклин нетс – Њујорк никс 112:110

Торонто репторс – Мемфис гризлис 91:98

Феникс санс – Голден стејт ворирос 104:96

Портланд трејлблејзерс – Детроит пистонс 110:92

Сакраменто кингс –  Лос Анџелес лејкерс 92:117

- Оглас -

Најнови вести