Продолжува револуцијата во Монако, отказ доби и потпретседателот Василјев

Монако продолжува со реформите и во управниот сектор, не само во составот и стручниот штаб. По отказите на тренерот Тјери Анри и спортскиот директор Михаел Еменало, „шут-карта“ доби потпретседателот Вадим Василјев.

„Кнезовите“ имаат сезона за заборав. Минатиот октомври му врачија отказ на Леонардо Жардим поради слаби резултати за да го заменат со Анри, кој на клупата се задржа до крајот на јануари. Раководството потоа го врати Жардим на кормилото, екипата почна да се подобрува на теренот, но и натаму се во борба за опстанок во елитата.

„Време е за промени, не само во стручниот штаб, туку и во управата. Затоа одлучив да го разрешам Василјев од потпретседателските должности. Изминативе неколку години клубот имаше многу успеси, но огромните грешки од минатата година нè доведоа до најслаби резултати на клубот во последниве седум години“, стои во соопштението на сопственикот Дмитриј Риболовлев.

Монако моментално е 18-ти на табелата во Лига 1 со 19 бода, во следното коло ќе се соочи со Нант на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести