Продолжува „војната“ во Селтик помеѓу раководството и навивачите, причината е Палестина

Раководството и навивачите на Селтик влегоа во сериозен конфликт во пресрет на натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а причината е Палестина.

Веќе е познато дека навивачите на Селтик јавно даваат поддршка за Палестина преку истакнување транспаренти и палестински знамиња на натпреварите, а од раководството сакаат тоа да го спречат.

Од Селтик се правдаат дека не се политичка организација и од нивните натпревари не треба да се испраќаат политички пораки, па токму затоа денес им забранија ран влез на навивачите на трибината сè со цел да ги спречат да ја подготват кореографијата за вечерашниот натпревар против Атлетико.

Навивачите на Селтик на ваквата забрана возвратија со порака дека пред стадионот ќе поделат илјадници бесплатни знамиња на Палестина, а претходно веќе им беа и укинати билетите за гостинските натпревари на Селтик.

- Оглас -

Најнови вести