Професорот за ракомет, Кирил Лазаров го подготви рецептот за нова победа против Данска (Фото)

Кирил Лазаров имаше блескаво деби како селектор на Македонија, но нема многу време за славје по големата победа во Скопје против светскиот птвак Данска, бидејќи не чека реванш на гостински терен во недела од 16 часот.

Професорот за ракомет има двојна улога и како селектор, но и како капитен на паркетот и дебито му беше фенеоменално со триумф од 33:29 против најдобрата селекција на светот.

Мини подготовките пред новиот голем предизвик, повторно да и се покажат заби на ракометната велесила се во тек, а Македонија по три кола во квалификациите е единствената непоразена селекција во седмата група.

Имаме три победи на три меча и сме на добар пат да обезбедиме нов настап на големо натпреварување, на Евроспкото првенство во Словачка и Унгарија што ќе се игра идната година од 13. до 30. јануари.

 

ФОТО: Петр Стојановски

 

- Оглас -

Најнови вести