Прогнозерите го отпишуваат Ренџерс во големото шкотско дерби

Само 5,27 отсто од играчите на Спортска прогноза кои досега типувале на паровите од 25-тото коло на популарната бесплатна игра која ја организираат Sport Life и Спортманија, веруваат дека Ренџерс може да победи на гостувањето кај Селтик во најголемото шкотско дерби.

Популарниот „Олд Фирм“ се игра утре од 13.30 часот и тоа е крајниот термин до кој може да се вклучите со ваши прогнози. За кец на Селтик се изјасниле дури 82 проценти од прогнозерите и тој е најголем фаворит од сите 13 меча во основната понуда.

За погодена Тринаесетка, имате избор меѓу трите понудени награди:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

X Box Series X.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, тие добиваат ваучер од 1.000 денари од Sport Life, а за тие со 11 погодоци и две утки, следува ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести