Прогнозерите на Спортска прогноза веруваат во победи на Јувентус и Манчестер сити, а типуваат и на победа на Реал Мадрид во најголемото дерби на светот

Сабота 14 часот е крајниот термин до кој може да типувате на паровите од деветтото коло на популарната и бесплатна Спортска прогноза, која од коло во коло има сè повеќе учесници.

Во фокусот на деветтото коло на Спортска прогноза викендов ќе се игра најголемото фудбалско дерби на светот меѓу Реал Мадрид и Барселона. Реал Мадрид и Барселона се лидери на табелата во Ла Лига со 22 бода, двата тима имаат по седум победи и едно реми, но неделниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ го дочекуваат во различно расположение.

Во редовите на Реал оди сè според планот, тимот игра добро и во Лигата на шампионите, но во Барселона е сосема поинаква ситуацијата. Барселона се наоѓа пред елиминација од ЛШ и тоа внесе немир во тимот кој ќе мора да ги смирува гневните навивачи токму на Ел Класико.

Прогнозерите на Спортска прогноза му даваат предност на Реал Мадрид, за победа на Кралскиот клуб типувале 54 отсто, додека само 22 отсто веруваат во триумф на Барселона.

Второто големо дерби викендов ќе се игра на „Енфилд“, каде што Ливерпул го пречекува Манчестер сити. Прогнозерите сметаат дека поголеми шанси за триумф има шампионот и на двојка типувале 62 отсто, додека малку помалку од 20 отсто веруваат дека Ливерпул може да слави.

Во Италија се игра градското дерби меѓу Торино и Јувентус во кое според прогнозерите Старата дама е апсолутен фаворит и 71 отсто ветуваат во триумф.

Возбудливо треба да биде и на градското дерби во Италија меѓу Торино и Јувентус, потоа и во Шпанија на дуелот Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, во една од најсложените рунди за прогнозирање во петте сезони на Спортска прогноза кај нас.

Наградите се одлични, а ако ги погодите сите 13 натпревари, ќе можете да си одберете подарок од трите предложени варијанти:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X  

Се наградуваат и прогнозерите што ќе утнат еден или два натпревари, па за погодена 12-ка, се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека за „фатени“ 11 пара ви следува ваучер од 500 денари.

 


 

- Оглас -

Најнови вести