Прогнозерите не веруваат дека Борусија може да го запре Баерн

Дури 70 проценти од оние прогнозери кои досега типувале во 16-тото коло на Спортска прогноза сметаат дека Баерн Минхен ќе ја победи Борусија во Дортмунд, во големото бундеслигашко дерби.

Баварците се фаворити на хартија и ако победат на „Дер Класикер“, тешко дека некој ќе ги запре на патот кон нова титула во Германија.

Типувањето за 16-тата рунда во бесплатната игра трае до сабота, во 15.30 часот, а голем предизвик ќе биде да се учествува и да се погоди исходот на 13 натпревари во трката за „ајфон 12“.

Дерби-меч ќе се игра на „Олимпико“ во Рим, таму в сабота од 18 часот Рома го пречекува Интер, а големо мнозинство прогнозери не веруваат во триумф на Волчицата, но доста е голем бројот на тие што прогнозираат дека ќе заврши нерешено.

Од Серија А, интересен меч ќе има и во Неапол, каде што лидерот Наполи ја пречекува Аталанта. Над 60 отсто типувале „единица“, но тоа може да се смени до завршувањето на прогнозирањето.

Веќе е познато дека Спорт Манија и Sport Life како организатори на бесплатната игра доделуваат награди и за прогнозерите што ќе промашат еден или два натпревари.

Со една утка ви следува ваучер од 1.000 денари од Sport Life, а со 11 погодоци добивате ваучер од 500 денари.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести