Прогнозерите се на готовс – Ново коло на Спортска прогноза, на ред стигнаа репрезентациите

Од денеска до сабота до 18 часот во тек ќе биде 11-тото коло од втората сезона на Спортската прогноза што ја организираат Спорт Манија и Sport Life, а на ред дојдоа репрезентациите и квалификациските мечеви за пласман на Европското првенство, но и уште неколку дуели што се играат во рамките на други натпреварувања

Може ли Македонија да ја изненади Австрија во славеничката атмосфера што домаќините ја подготвуваат на „Ернст Хапел“ во Виена е една од дилемите во ова коло.

На Австријците им е доволен и еден бод за да се пласираат на Европското првенство во 2020 година, а Македонија ќе игра драстично ослабена без неколку стандардни фудбалери. Дали да се типува со срце или со разум е голема дилема за сите прогнозери кога игра национална селекција, а на ваквите натпревари ако се погоди евентуално изненадување, може да се направи убав исчекор кон наградите.

Како и во секое коло, премијата што ја доделува Sport Life е прекрасниот мобилен телефон IPhone XS за којшто треба да се погодат сите 13 парови од основната програма.

Во фокусот ќе бидат и дуелите меѓу Русија и Белгија, Србија и Украина и Косово и Англија, што се мошне важни во трката за пласман на ЕП 2020 година.

Секако, треба да се внимава и на резервните двојки кои носат поени во битката за Генерален пласман и главната премија ТВ Смарт од 48 инчи.

И таму има голема битка, а разликата помеѓу моментниот лидер и последниот во топ-50 е само 10 поени, разлика што може да се стопи или да се зголеми.

Сите учесници имаат шанса, а не е доцна да се вклучите и вие со ваши прогнози бидејќи за секое коло има посебни награди кои се многу примамливи. Веќе знаете дека играта е бесплатна, а единствен услов е да имате СЛ картичка од Sport Life.

Новото коло е веќе во тек, не чекајте, прогнозирајте, забавувајте се и очекувајте вредни награди.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести