Прогнозерите составија одличен тикет со два „икса“, но на двете големи дерби дуели очекуваат да има победник

Пет меча се играат денеска со кои треба да се комплетира 25 коло на Спортска прогноза. По вчерашните осум средби, најголемо изненадување според прогнозерите е победата на Борусија Дортмунд во Минхен против Баерн, а „двојката“ ја погодија само четири отсто.

Денешните возбудувања ќе започнат со мечот од шпанското првенство меѓу Селта Виго и Рајо Вајекано. Во победа на Селта веруваат 68 отсто, а едвај пет отсто веруваат во гостите на чиј гол е Столе Димитриевски.

Следуваат две средби од француското првенство и интересно е дека на двата, над 50 отсто од прогнозерите чекаат да биде нерешено. Клермон е домаќин на Тулуз, а Ле Авр ќе игра против Монпелје. Тука свои шанси имаат и гостите.

Две третини од прогнозерите очекуваат во големото англиско дерби меѓу Манчестер сити и Арсенал да се радуваат домаќините, додека сосема поинаква е ситуацијата кога се работи за француската пресметка меѓу Олимпик Марсеј и Пари Сен Жермен. Тука преку 60 отсто веруваат во Светците и чекаат двојка.

1306 Селта Виго – Рајо Валјекано             1   1.95

1705 Клермон – Тулуз                              Х   3.25

1706 Ле Авр – Монпелје                           Х  3.20

1010 Манчестер сити – Арсенал               1   2.05

1708 Олимпик Марсеј – ПСЖ                   2   2.10

————————————————————

Вкупен коефициент:      87.30

- Оглас -

Најнови вести