Прогнозерите типуваат на Реал, Челзи и Јувентус, а вкупната квота е дури 213!

Од 2107 играчи на Спортска прогноза во 5. коло, само еден е со перфектни пет погодоци и останува во трката за главната премија, мобилен телефон Ајфон 12. За денеска, на програмата се дури седум мечеви, а возбудувањата ќе започнат со дуелот Ница – Монако во 13 часот.

Според прогнозерите, дури 57 отсто веруваат победа на Монако. Многу посигурна двојка треба да биде дуелот Брајтон – Лестер, затоа што 80 отсто даваат шанса за три бода на гостите. Третата двојка во низа треба да биде во Германија, каде играат Штутгарт – Баер Леверкузен. За победа на Фармацевтите се 81 отсто од прогнозерите.

Најголеми шанси за нерешено се дава на дуелот Сосиедад – Севилја, каде над 54 отсто се за „икс“. Во дербито на Премиер лигата Тотенхем е домаќин на Челзи, а 60 отсто веруваат дека актуелниот европски првак е подобар.

Единствениот меч на кој гостите се со помалку шанси од домаќинот е на Јувентус – Милан. Старата дама е со 48 отсто, а ремито е 29 отсто, па затоа тука може да се одигра двознак. Последен меч за денеска е тој во Валенсија, каде домашната екипа игра против Реал Мадрид. Во Кралевите веруваат дури 86 отсто, што е најголем процент од сите денешни дуели.

Доколку решите да ги одиграте денешните седум меча според најчестите фиксови од играчите на Спортска прогноза, ќе добиете вкупен коефициент од 213.77 што значи дека за само 20 вложени денари можната добивка ќе изнесува дури 4.275 денари.

1704 Ница – Монако                                 2    2.50

1006 Брајтон – Лестер                              2    2.80

1807 Штутгарт – Баер Леверкузен         2    2.25

1307 Реал Сосиедад – Севилја               Х  3.10

1010 Тотенхем – Челзи                             2   1.75

3010 Јувентус – Милан                           1Х   1.27

1360 Валенсија – Реал Мадрид              2   1.97

———————————————————————————–

Вкупен коефициент                                 213.77

 

- Оглас -

Најнови вести